ФОТО: Народ се собира пред Кривичниот суд

Пред Кривичниот суд во Скопје во моментов е собрана група поддржувачи на поранешниот премиер Никола Груевски.

Народ се собира пред Кривичниот суд во пресрет на пресудата за случајот „Тенк“ во која обвинет е експремиерот Никола Груевски. Меѓу присутните се и поранешните градоначалниците Коце Трајановски и Ивица Коневски.

Собирот се случува само неколку минути пред изрекувањето на пресудата за поранешниот премиер Груевски, во случајот на СЈО под кодно име „Тенк“, а се однесува на набавка на скапо возило „Мерцедес“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.