Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пристигна на протестот „Правда за Саздо“ пред Собранието на РМ и испрати последен поздрав за Никола Саздовски- Саздо кој беше претепан до смрт пред десетина дена, а вчера им подлегна на повредите.
Мицкоски, кој беше придружуван од поранешниот и сегашниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски и Лука Кржалоски, запали свеќа и го остави неговиот дресот.
Стотици луѓе пристигнуваат пред Собранието да запалат свеќа за прерано починатиот Саздо.
Инаку, граѓаните попладнево се организираа на социјалните мрежи да излезат на протест поради смртта на младиот Никола Саздовски-Саздо кој беше претепан пред десетина дена.
Имаше и повици, сите навивачки групи да се обединат и да застанат сложно во одбрана на „нашата татковина и од секојдневните напади кон сите нас и кон нашата земја“.
21- годишниот Саздо беше член на навивачката група Комити.