ФОТО: МВР акција против дивите трки со мотори

Во периодот од 18:00 часот на 11.08.2018 до 01:00 часот на 12.08.2018 година од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделението за сообраќајно-ескортно обезбедување, беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.

Од страна на полициски службеници привремно се задржани девет мотоцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по член 53 од Законот за возила и тие ќе бидат упатени на вонреден технички преглед.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 62 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.