Стефан Чернетиќ, кој тврди дека е принц од Црна Гора, Македонија и Србија, се сретнал со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. Чернетиќ објави фотографии на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук.
На фотографиите може да го видиме Чернетиќ како го одликува Заев во просториите на Владата на Република Македонија.
Инаку, за Стефан Чернетиќ беше издадена потерница од италијанската полиција за лажно претставување како принц од Црна Гора и Македонија. Ова тој наводно го правел, за да се стекне со финансиска корист. Има одликувано многу јавни личности, помеѓу кои и Памела Андерсон.
https://www.rt.com/viral/392485-montenegro-fake-prince-pamela-anderson/