Владиниот протокол направи голема грешка утринава кога во Скопје пристигна Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц каде пред Владата беше пречекан од премиерот Зоран Заев.
Наместо знамето на Австрија беше поставено знамето на Летонија.
Знамињата на двете земји се слични, црвено со бела лента на средина, со тоа што австриското е поделено на 3 еднакви делови, а во латвиското белата лента е потесна.
Извор: Република.мк