Скулптурата бик е дел од проектот „Скопје 2014“, а со оваа скулптура често се фотографираа туристите во главниот град.
Истата била мета на несовесни граѓани, како што е објавено на ФБ профилот „Скопје Скопска“.
“Конечно говедата успеаа. Секојдневно се качуваа, го јаваа, корнеа, висеа и бикот попушти. Со свои очи сме виделе како тетки од по 40 години висат на роговите и се качуваат на главата, а тинејџери се нишаа на опашката. Каде се градските редари и полицијата во Центар. Се надеваме дека Град Скопје ќе интервенира и ќе го завари опашот и повнимава што се случува во центарот на градот”, пишува на Фејсбук страната.