Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ реагираше на неодамнешната изјава на Мирослав Шкоро и Нино Распудиќ за абopтyc во случај кога жена е cилyвана.
– Им се придружувам на сите жени кои со овој „непристоен“ чин го покажуваат својот став и го креваат гласот против оние кои се обидуваат да не вратат векови наназад. Помина времето кога жената седеше во ќош чекаше што тато ќе ѝ каже. Секогаш сум била за живот, но и за живот кој има право на избор. Без притисоци, без стигматизација и услови, посебно во најчувствителните животни ситуации како силување, наведе таа.
5 godina je ovo pokazivala hrvatskim građanima i građankama, a evo sad je i Škoro dobio svoje. pic.twitter.com/kguxCt3QJd
— Predrag Fred Matic MEP (@fred_matic) June 18, 2020
Поранешната претседателска на Хрватска поради тоа во знак на поддршка го „крена средниот прст за жените и нивните права, но и за мажите кои ги поддржуваат“.
Мирослав Шкоро, изјави дека жената, ако забремени после cилyвање, мора да се договори со семејството што ќе направи, а Распудиќ во текот на соочувањето сугерираше дека абopтycoт не би требало да им се дозволи ниту на cилyваните жени.