(Фото) Канје Вест и Ким Кардашијан сакаат да живеат во Белата куќа: Раперот се кандидира за претседател – Елон Маск ќе го поддржува во кампањата

Американскиот рапер Канје Вест на Твитер најави дека пранира да се кандидира за претседател на САД на овогодинешните избори во ноември.

“Мора да го исполниме ветувањето на Американците, со верба во Бог, со обединувње во нашата визија да ја изградиме иднината. Се кандидирам за претседател на САД”, напиша раперот.

Меѓутоа, не е познато дали Вест навистина планира да влезе во трката со актулениот претседател Доналд Tpaмп и демократот Џо Бајден.

Канје Вест е една од ретките познати личности кои го поддржуваат претседателот Tpaмп и тоа јавно го изразува на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.