Учесниците се собрале на плоштадот “Боливар” во центарот на Богота, да би му позирале на славниот американски фотограф, пркосејќи му на ладот.
“Ние и нашата голотија, мирни, спокојни, постоеше момент на мир помеѓу нас”, истакна Kлаудија Барентос, жена на 40 годишна возраст.
“Беше одлично. Мислам дека сите се чувствувавме еднакви, сите бевме онакви какви што сме дошле на светот”, наведе 20-годишниот Карлос Белтран.
Таник, кој се има прославено со таков тип на фотографии, објаснува дека сака да пренесе порака на еднаквост, мир и единство.
“Мирот, тоа е рај. Чест ми е што сум овде во време на промени, во надеж дека мировниот договор ќе биде што поскоро потпишан”, рече тој, мислејќи на преговорите на колумбиската влада и левичарските вооружени групи FARC.
Фотографиите ќе бидат изложени во музејот за современа уметност во Богота.
А.Г.