ФОТО – Како изгледало местото на мермерното езеро во Прилеп пред да се наполни со вода

Прилепското мермерно езеро сместено над селото Беловодица деновиве е вистинска атракција и супер разладување за прилепчани. Езерото предизвика огромно внимание кај медиумите, кои секојдневно известуваат за стотината посетители што секојдневно се искачуваат до ова место.

13627247_303109196689315_3149935405596232026_n

Но, сигурно не сте знаеле како изгледало местото на денешното така наречено прилепско “Памук Кале”.

Погледнете ги фотографиите:

На својот фејсбук профил Васко Дамески вели: “Прилепското „Памук Кале“ или Мермерното езеро во време на изградбата. Не го направи Крале Марко со боздоганот, туку е производ на осмислен процес на експлоатација по сите стандарди. Теренот е еколошки чист а квалитетот на водата е (испитан во 2011 год.) хемиски и биолошки исправна. Езерото е длабоко 20 метри и содржи 100 000 кубни метри вода. Поздрав до рударите од Рудник Беловодица за посебен допринос при изградбата на оваа прилепска атракција. Ви посакувам на сите пријатни моменти и внимателно пливање во ова прекрасно место”.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.