Хулиганите на СДСМ вчеравечер го демолираа Министерството за правда, а полицијата приведе најмалку десеттина. Има и повредени новинари и фоторепортер, а интервенирала и Брзата помош. Епилогот од насилниот протест на СДСМ се и повредени граѓани, демолирани објекти и искршени автобуси. Кршење, палење, демолирање на се што ќе им се најде пред очи е дел од насилното сценарио.
Насилните демонстранти кои дивееја влегоа и во Канцеларијата на на претседателот Ѓорѓе Иванов во центарот на Скопје и целосно ја искршија откако цел инвентар го изнесоа надвор.
Денеска кај Канцеларијата на претседателот можат да се видат искршени стакла кои говорат за хаосот кој вчера го направија хулиганите на СДСМ.