(Фото) И денеска се ceчеа дpвja во центарот на градот: Опycтошен најубавиот дрворед во Прилеп?

Во центарот на Прилеп деновиве сеуште трае реконструкцијата на дел од булеварот “Гоце Делчев” и улицата “Прилепски бранители”.

Пред започнувањето на проектот градоначалникот Илија Јованоски најави проширување на булеварот и зелен појас на средина на коловозот, велосипедски патеки, но исто така истакна дека нема да се сечат дрворедите.

И покрај тоа досега се исечени 7 дрвја, кои наводно биле со трули стебла и опасни по граѓаните и материјалните добра.

Сепак, граѓаните гласно реагираат и негодуваат, бидејќи се работи за дрвја чии крошни беа целосно раззеленети.

(Фото галерија) Да беше охридскиот чинар во Прилеп, општината ќе го иceчеше?

Од ЈКП Комуналец за новата сеча денеска велат:

“ЈКП ,,Комуналец,, – Прилеп, ја информира јавноста дека утрово исече и отсртрани уште три стари и дотраени дрвја на ул,,Прилепски бранители”, по издаденото Решение од Комисијата за сечење на дрвја формирана од Локалната самоуправа.

Дивите костени се со дотраен безживотен корен и оштетно стебло, и претставуваа потенцијална опасност за минувачите и возилата,, велат стручните лица од ,,Комуналец” и додаваат дека нетреба да се создава сомнеж кај граѓаните и непотребни коментари, зашто низ годините комуналците имале случаеви кога при ветрови и дождови од вакви дотраени дрвја е причинета значителна материјална штета, а понекогаш и доведени човечки животи во опасност.”

Во продолжение и дел од реакциите на граѓаните:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.