На половина час од одбројувањето за Новата 2020 година, прилепскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто” зјае речиси празен.
Навистина штета, особено што пред прилепчани вечерва меѓу останатите настапува Мила Москов, девојчето кое пред еден месец и го донесе шетото место на Македонијана детскиот Евросонг.
Покрај Мила Москов, во центарот на Прилеп настапуваат и младата изведувачка Теодора Зероска, како и прилепскиот бенд “Прилепски еснаф”.