(ФОТО) “До кога Европа ќе ги затвара очите?”: Завршија протестите на Србите во Косово

Завршија протестите на Србите на административниот премин Јариње, Рудар, Зупче и Мердаре, кои започнаа денес во 12 часот поради воведувањето на дополнителни такси за стоката од Србија и апсењето на четворицата Срби од Косово.

Луѓето се вознемирени и го чекаат слединиот потег на српската Влада.

Како што пренесува српски Блиц, во местото Рудар имало неколку илјади луѓе. На преминот Јариње се собрале околу илјада, а протестот поминал без инциденти.

Протестите беа одбележани со српски знамиња и транспаренти со натписи: “Стоп на насилството од Приштина”, “Немаме лекови”, “Не тепаат и тероризираат”, “Имаме право на леб”, “Не ни ги изгладнувајте децата”, “Не затворајте не во гета”, “До кога светот ќе ги затвара очите”, “Сакаме мир, а не војна”…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.