Девојка од Бразил која е родена без полов орган стана првата личност во светот која е подложена на реконструктивна хирургија, како би и ставиле полов орган направен од рибја кожа.
Јуцилен Марињо (23) родена е со ретко пореметување “Mayer-Rokitansky-Küster-Hause” (MRKH), нема матка и јајници, што значи дека никогаш нема да има деца, пренесува Дејли Меил.
За време на операцијата направен и е вагинален отвор, а потоа и бил вграден “калап” кој е направен од слатководна риба “тилапија”.
Рибјата кожа се апсорбира во нејзиното тело и се трансформира во ткиво кое го насочува вагиналниот тракт.
Марињо поминала три недели во болница по операцијата и изјавила дека е воодушевена од резултатот.