ТВ водителката Елиса Исоарди преку Инстаграм го „откачи” своето момче, потпретседателот на италијанската Влада и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, додека тој бил на службено патување во Африка.
Таа на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија од двајцата во кревет, пишувајќи дека става крај на врската. Прекинот е топ тема во италијанските медиуми, а ги засени и вестите за трагичниот биланс од невремето во Италија.
-Она што си го дадовме еден на друг нема да ми недостасува., туку она што можевме да си го дадеме. Со голема почит кон вистинската љубов , ти благодарам Матео, објави Исоарди покрај фотографијата.
Во текот на тригодишната врската тие повеќе пати беа на насловните страници на медиумите, а папараците го следеа секој нивен чекор.