Рано утрово наш сограѓанин пронашол две бездомни кучиња, кои со јажиња и челични жици биле престегнати околу вратот и врзани за бетонски блок.
Кучињата едвај дишеле и цивкале од болка, слика на која ретко кој би останал рамнодушен. Александрар Стојчески ги одврзал, а потоа и ги нахранил недолжните суштества, кои од среќа долго потоа трчале по неговиот автомобил. Неговата објава на социјалните мрежи предизвика низа реакции и загриженост.
Дали после едно вакво грозно дело, секој може да се нарече човек? Проблемот со кучињата скитници е еден од најгорливите во Прилеп со години, но тоа не му дава право на никој од нас, на ваков начин да се однесува со овие невини суштества. Апел и до МВР да ги пронајде сторителите на ова дело, затоа што истите се опасни не само за бездомните животни, туку и за околината.
ФОТО/Александар Џо Стојчески