(ФОТО) “Грандиозен објект – Пречистителна станица во Прилеп, дело на ВМРО-ДПМНЕ?!”

Проектот на изградба на пречистителна станица во Прилеп деновиве ќе ја добие својата завршница.

Овој капитален проект, во вредност од околу 30 милиони евра, чија реализација започна во 2014 година, ќе значи трајно решавање на прашањето за третман и прочистување на отпадните води за градот Прилеп.

Целиот зафат вклучуваше и обнова, во две фази, на вкупно 65 километри канализациона мрежа. Оваа мрежа се градеше истовремено со пречистителната станица.

Со овој проект Прилеп ќе стане еден од најчистите градови во целиот регион.

Проектот е финансиран од ИПА програмата на ЕУ, со учество и на буџетот на Македонија, а го започна претходната влада.

Изградбата на овој проект го стави Прилеп на врвот на општините во однос на искористувањето на средства од ЕУ фондовите.

Таа активност на претходната локална самоуправа, поддржана од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, ја верифицираше и евро амбасадорот Самуел Жбогар, кој на градоначалникот Марјан Ристески тогаш му додели Сертификат за одличната соработка и способност за искористување на фондовите на Европската Унија.

Еве како се одвиваше изградбата на ова капитално и oд огромно значење за прилепчани дело:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.