Македонскиот математички генијалец Македон Димитровски постигна извонреден успех на два престижни Меѓународни математички турнири што се одржаа во бугарскиот град Несебар.
Таму вчера завршија два престижни меѓународни математички турнири – „Математика без граници“ и турнирот по алгебра „Лодовико Ферари“, на кои учествуваа натпреварувачи од 42 земји, вкупно 875 учесници.
На натпреварот „Математика без граници“, Македон освои повеќе престижни награди:
*Математичка ѕвезда на турнирот
*Пехар III – Купот на „Математика без граници“
*Сребрен медал по алгебра
*Бронзен медал на основниот турнир
„Денес заврши интернационалниот турнир „Математика без граници“ и турнирот по алгебра Лобовико Ферари, каде учествуваа 42 земји со 875 учесници. Македон уште еднаш го прослави името на Македонија и го виореше македонското знаме во Бугарија. Браво Македон, горди сме на тебе!“ – напиша на Фејсбук таткото на малиот математички гениј, Владимир Димитровски.