(Фото галерија) Macaкpoт на Плетвар, злocтopcтво за кое ќе не обвинуваат идните генерации – “Потоа тие нека ве гласаат!”

Ова се сцени од масакрот на шумата на потегот од Плетвар кон Трајанова чешма. Злосторниците ја “искосиле” шумата по една од најубавите планинарски патеки во најблиската околина на Прилеп. Во овој див колеж настрадале стотици стебла – напиша на ФБ Протоереј Љупче Петрески.

-Ваквите злосторства МОРА да бидат санкционирани а злосторниците казнети. Но, фрапира инертноста на локалната самоуправа и на дел од останатите надлежни по ова прашање. Причините се речиси секому познати – корумпираност и ромски гласови за изборите. Но, до кога така? Со ова темпо, шуми ќе снема за неколку години. Потоа што? Потоа тие нека ве гласаат!!! Г-не градоначалник, се слушаме?! – пишува во својот статус Отец Петрески.

Иако во изминатите две-три недели МВР информира за низа приведени лица фатени со илегално исечени дрва, дрвокрадците не мируваат и секојдневно ги пустошат шумите во околината на Прилеп и прилепско.

Ова е жално, срамно и бедно…

Цела држава, со еден куп полициски припадници, со цела мража на институции… да не може да се справи со дрвокрадци и да го спречи уништувањето на шумскиот фонд.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.