ФОТО ГАЛЕРИЈА – 15 години од формирањето на единицата ЛАВОВИ

IMG_7822

Денеска во с. Лениште прилепско, во црквата св. Петка се одбележаа 15 години од формирањето на единицата за брза интервенција ЛАВОВИ. Манифестацијата беше проследена со богата музичка програма, ора и народни песни, а беа доделени плакети на најзаслужните меѓу кои и градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески, кој беше вклучен во конфликтот во 2001 година и го преживеа нападот на безбедносните сили на Карпалак. Гостин на настанот беше и Јохан Тарчуловски на кого исто така му беше доделена плакета.

Единицата на достоен начин ја бранеше државата во тие воени мигови, а денеска се потсетија и на херојските подвизи на оние кои платија со живот пред 15 години, бранејќи ја татковината.

[Best_Wordpress_Gallery id=”218″ gal_title=”15годиниЛАВОВИ”]

Вечна слава на загинатите херои и уште многу јубилеи на единицата ЛАВОВИ.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.