(Фото галерија) Цел Прилеп на едно место: Во центарот на градот се одржа адреналинско шоу во кое уживаше и младо и старо

Како дел од програмата за одбележување на празникот 11-ти Октомври (Денот на народното востание), во центарот на Прилеп денеска се одржа одлична изложба на автомобили.

Настанот беше во организација на Tuning Car Show и имаше што да понуди. Брзи автомобили кои блескаа од убавина.

Граѓаните имаа можност да погледнат и да се фотографираат со голем број модели на автомобили, па буквално градскиот булевар беше преполн со луѓе.

Едно вистинско уживање кое не смееше да се пропушти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.