Пред две недели ЈКП Комуналец Прилеп објави дека започнале со рамнење на просторот околу каналот на Дабничка река кај типските куќи.
“Покачувањето на глобалните температури предизвикауват размножување на комарци и други штетни инсекти и штеточини кои пренесуваат болести, а Дабничкиот канал е мека за размножување заради неконтролираното исфрлање на отпад. Целта е доколку овој простор се оплемени, да се спречи фрлањето на отпад во, и околу каналот, а со посадувањето на дрвјата да се влијае и на зачувување на животната средина и подобрувањето на амбиенталниот воздух”, напишаа тогаш на Фејсбук од јавното комунално претпријатие.
Засега од оваа акција се имаат формирано 7 “пирамиди” со земја и отпад, а за останатото ќе почекаме да видиме што ќе излезе.
Како дополнување на оваа работна акција е и оваа “блескава” слика од течението на Дабничка река.