Гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп наскоро ќе го добие својот целосно нов изглед.
Во изминатиот период се изврши реконструкција на кровот, а потоа следуваше реконструкција на фасадата, промена на дограмата, поставување на лифт за лица со инвалидитет и уредување на подрумскиот простор, каде ќе бидат отворени две или три нови училници.
Исто така, проектот опфати санација на двата санитарни јазли во подрумот, како и обезбедување нови тоалети за лицата со инвалидитет на сите три ката по вертикала.
Исто така извршена е и реконструкција на котларата.
Учениците во изминатиот период наставата ја следеа онлајн, а најавите се дека ќе се вратат со физичко присуство од второто полугодие на школската година.