Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, по покана на жителите на скопското село Љубанци, денешниот празник Прочка го прослави заедно со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски.
“За многу години Прочка! Проштевајте и простено да е од мене и од Бога!
Денеска православните верници го слават празиникот Прочка. На покана на жителите бев во Љубанци. Традицијата и обичаите поврзани со празникот сеуште живеат во ова населено место и насекаде во нашата држава.
Овој ден е голем празник за христијаните бидејќи ја претставува искрената волја за срдечно простување меѓу луѓето. Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето”, напиша Чулев на Фејсбук.