Бучин е населено место во општина Крушево, едно од најголемите населени места со над 500 жители, и има спортска сала, ако ова воопшто може да се нарече сала за спортување.
Тоа е едно од населените места каде и актуелниот градоначалник Томе Христоски деновиве бара гласови за престојните избори, надевајќи се дека ќе стигне до третиот последователен мандат.
Но, дали оваа негрижа за младите во селото и учениците кои треба да спортуваат и правилно да се развиваат во оваа спортска сала, бучинци ќе му ја простат?!
По се изгледа не. Жителите од ова населено место велат дека проблемите се многубројни и често се чувствуваат како да не припаѓаат на ниту една општина, бидејќи општина Крушево речиси и да ги има заборавено дека постојат на мапата.
Спортската сала е капак на се’, а каков ќе биде резултатот за оваа негрижа, останува да видиме на 19. октомври.