Во дворот на манастирот Св. Илија во село Мелница, денеска по 38-ми пат се одржаа Мариовско–Мегленските културни средби, манифестација која на едно место ги собира раселените жители од мариовските села на старото огниште.
И оваа година се прослави со песна, оро и презентирање на традиционалните мариовски носии и јадења.
Целта на одржувањето на Мариовско – Мегленски културни средби е негување на фолклорното и културното наследство на регионите, зближување на населението од двата региона на Мариово и Меглен, средба на лица кои се иселиле од регионот, како и остварување на културна размена во пошироки рамки.
Настанот е во организација на Здружението „Мариовско мегленски средби“ – Прилеп, а под покровителство на Општина Прилеп и Минстерството за култура.