Армијата на Република Македонија, благодарејќи на несебичниот и професионален ангажман на своите припадници кои со љубов кон татковината, лојалност, одговорност и посветеност ги извршуваат поставените задачи, ја докажува својата цврстина во моментите кога тоа е најпотребно и кога тоа се бара од неа.
Стотици нејзини припадници, 24-тиот роденден на АРМ ќе го одбележат обезбедувајќи ја јужната државна граница, но и неуморно ангажирајќи се во справување со последиците предизвикани од поплавата во скопскиот регион.
На довербата се возвраќа со пожртвуваност.