Дел од жителите на една ресенска населба вчера околу 14:00 часот се собраа на протест во обид да спречат да дојде до гаснење на струјата во нивните домови.
Тие во знак на револт поради ова запалија предмети и го блокираа магистралниот пат Битола-Охрид кај местото викано Стара Слога.
Тие направија вистински огномет како револт што од ЕВН им ја исклучија струјата, оствајќи во мрак над двесет семејства со илјада луѓе, најмногу малолетни деца. Нивното незадоволство е огромно, бидејќи се најранлива општествена група со минимална социјална помош.
Сообраќајот бил нормализиран околу 17:00 часот.