(Фото) Втора недела по ред депониjaта го тpye Неготино, а надлежните молчат?

Фејсбук статус на Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ, доскорешна пратеничка од Неготино

“Втора недела по ред гори депонијата во непосредна близина на Неготино. Втора недела по ред жителите на Општина Неготино се гушат од токсичниот отпад кој се гори на депонијата! Надлежните молчат…

Дали Градоначалникот, директорката на ЈП Комуналец или останатите надлежни институции во градот ќе сносат одговорност за масовното труење на жителите на Општина Неготино?

Дали некој од нив ќе излезе да каже каков отпад секојдневно се депонира на депонијата? Дали е точно, дека отпадот е од други (не соседни) општини!?

Или се сите тие (погоре спомнати) премногу зафатени со други активности од “витално” значење за предстојните парламентарни избори?

Никогаш не ви било приоритет здравјето на граѓаните, но овојпат ја претеравте…”, пишува Честојнова.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.