Жителите на Јужна Кореја кои важат за најголеми потрошувачи на алкохол во Азија, сега можат да се трезнат со помош на сладолед и да го убијат мамурлакот.
Сладоледот “gjeonđo” (во превод значи “држи се”) лансиран е во ланецот на продавници Vidmi и како што се тврди, тоа е првиот сладолед наменет за разбивање на последиците од конзумирање на алкохол.
Во Јужна Кореја продажбата на алкохолни пијалоци е голем бизнис, но и продажбата на лекови за мамурлак, која годишно достигнува до 126 милиони долари. Тука спаѓаат разни пилули и напитоци, но и креми за лице, кои треба да ги прикријат трагите од бурната ноќ.
Ројтерс тврди дека меѓу таквите лекови спаѓа и “супа за мамурлак”, која е редовен дел од менито на кореанските ресторани.
Како што покажуваат статистиките на Светската здравствена организација од 2014 година, Јожнокорејците годишно пијат по 12,3 литри на алкохол по глава на жител. Според процените на јужнокорејскиот Институт за поликита на здравственото осигурување, конзумирањето на алкохол во таа земја во 2013 година чинело околу 8 милијарди долари, што вклучува губиток во производството, болнички трош0ци и случаи на прерана смрт.
Сладоледот “gjeonđo” има вкус на грејфрут, содржи 0,7 % сок од азискиот плод од дрвото ховенија, кој е традиционален лек за мамурлак.
А.Г.