Наши читатели ни испратија фотографии и видео од голема змија која била забележана во школскиот двор на средното општинско училиште “Ристе Ристески-Ричко” во Прилеп.
Топлото време ги раздвижи рептилите, па граѓаните треба да бидат особено внимателни со оглед на тоа дека ова не е прва ваква појава во градот.
Видеото од змијата изгледа застрашувачки, а според изгледот веројатно се работи за смок.