(Фото/Видео) Кpaj на една прекpacна љубовна пpиказна: Пocле 17 години Малена ocтана без Клепетан, одбива да jaде и е тaжнa

Прва пролет после 17 години љубов и верност и 66 мали штркчиња кои ги имаа заедно, штркот Малена од Бродски Варош во Хрватска, остана без Клепетан.

Светските медиуми пренесуваа за преубавата љубовна приказна помеѓу штрковите Малена и Клепетан, кој оваа пролет за жал, прв пат после 17 години го нема. Клепетан минатата година заминал само еден месец откако стигнал во Славонија и се претпоставува дека е загинат.

Пред 24 години во источна Хрватска, тогашниот домар на основно училиште Стјепан, ја нашол Малена повpeдена покрај автопат.

Малена заради повpeдата на крилјата веќе 24 години не може да оди со својот вид во Јужна Африка, па наместо тоа останува во Хрватска и чека да дојде пролетта и својот Клепетан.

Иако кон крајот на летото Клепетан тргнуваше на далечен пат кон Африка, секоја пролет и се враќаше на Малена. Во сите тие 17 години еднаш подранил една недела и еднаш задоцнил 2 дена. Сите останати години доаѓа точно на 24-ти март.

Стипа Вокиќ вели дека Малена ништо не сакала да јаде, само од време на време тажно ќе се појавела од гнездото.

“Се плашев дека поради одбивањето на храна на Малена може нешто лошо да и се случи. Тоа траеше со денови, а потоа почна по малку да јаде. Зимата, како и сите претходни 20-тина ги помина во зградата од училиштето. Се грижам за неа, го палам огнот во печката секоја вечер за да не и биде ладно”, вели тој.

“Со првите топли денови таа побрза да се качи на кровот. Гнездото малку и го поправив, а таа така денот го поминуваше гледајќи во небото. Жал ми е да ја гледам така тажна, но некако се надевам дека тагата ќе и помине”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.