„Име: Kатица, презиме: Јанева, дата на раѓање: 9.2.1965 година, член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од 2004 година“, вака изгледа членската книшка од СДСМ на специјалната обвинителка до која дојде „Дневник“. Дали Kатица Јанева во 2004 година извадила членска карта од СДСМ?
Во неа, освен личните податоци на обвинителката од десната страна, стои и потписот на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, а симболите на партијата и серискиот број: 038196 се на левата страна.
Во моментот, пишува Дневник, кога дојдовме до членската книшка, пред четири дена, веднаш побаравме писмен одговор од партијата како и од кабинетот на обвинителката. Но, сe до затворањето на весникот вчера, и покрај потсетувањето дека очекуваме одговор, истиот не стигна ниту од едната ниту од другата страна.
Под претпоставка дека членската книшка е издадена во општинската организација на партијата во Гевгелија, родното место и до пред формирањето на СЈО – постојаното живеалиште на Јанева, испративме прашање и до нив: На чие име е членската книшка, односно пристапницата поднесена во нивната организација со сериски број 038196?
Извор: КУРИР