(Фото) Велевска подготвува ново ceкcи изненадување за публиката

По успехот кој го направи со песната и спотот за “Зоро моја румена”, Велевска реши на својата публика да и подари ново видео за песна која е веќе е добро позната – станува збор за песната “Говорот на телото”.

Песната Елена ја издаде уште во 2003 година и се најде на нејзиниот втор студиски албум кој го носи истото име.

Текстот е на Ѓорѓи Калајџиев, а музиката и аранжманот се на Дејан Момириски.

Многумина велат дека е една од најдобрите песни кои ги исполнила Елена, емотивна балада во која се пронаоѓа секоја девојка, жена…

Режисер на видеото е Бане Поповиќ, а снимањето траело два дена. Од тимот на Велевска велат дека се внимавало на секој детал, а спотот во моментов е во фаза на монтажа.

Нам не ни преостанува ништо друго, освен да чекаме да дојде 8-ми март и да го погледнеме видеото, што судејќи по фотографиите видеото изобилува со секси сцени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.