ФОТО: Вака изгледа колекцијата на супер автомобилите на Роман Абрамович

Како еден од најбогатите луѓе на планетата, Роман Абрамович е најпознат како сопственик на фудбалскиот клуб „Челси”, како и на џиновски супер јахти. Рускиот богаташ исто така поседува импресивна колекција на скапи автомобили, кои неодамна ги возел на патеката Нирбургринг.

2

1

Колекцијата на супер автомобили на Абрамович чини околу 11 милиони евра, а во неа се наоѓаат „пагани зонда Р”, „бугати вејрон”, „астон мартин вулкан”, како и многу „ферарија”, „поршеа” и „мерцедеси”.

3

Сопственикот на познатата патека „Нирбургринг” е деловниот партнер на Абрамович и руски олигарх Виктор Каритонин, кој го поканил на гости малку да ги повози неговите „ѕверки”.

Меѓу автомобилите кои ги префрлил во Германија е и „пагани зонда Р”, произведени само 15 такви модели, а цената им е речиси три милиони евра.

4

Една од атракциите на патеката бил и прототипот на „ферари” моделот „FXX”.

 

5

„Господин Абрамович организираше и ексклузивен настан за себе и своите пријатели, а никој освен нив и персоналот немаше пристап на патеката” – рече Татјана Головлово, инструкторка на патеката.

 

6

Според пишувањето на медиумите, Абрамович, за кој се проценува дека е богат 11 милијарди долари, поминал возејќи на „нордшифле”, најдолгата делница со околу 20 километри патека.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.