Сузи Кортез победи на изборот Мис БумБум, каде имаше уште 15 други натпреварувачки, а еве што прави таа за да изгледа совршено.
„Отсекогаш сум имала голем задник, но со време, со многу вежбање, стануваше се подобар и подобар – заоблен, затегнат”, вели Сузи.
„Јас сум веганка. Мојата исхрана се базира на зеленчук, овошје и соја”, вели таа.
Ваквата исхрана, најдобриот задник во Бразил ја комбинира со едноставни тренинзи секој ден, на кои најмногу внимание посветува на вежбите за задник, а прави вежби со клекнување додека во рацете држи тек од 200 килограми. Покрај тоа, Сузи се занимава и со танц и редовно трча.
Победничката на Мис БумБум има совет за сите оние кои би сакале ваков задник.
„Треба да се консултирате со нутриционист и да вежбате со личен тренер. Јас имам среќа поради добрите гени, но тука е вложено и многу труд”.
Иако нејзината популарност порасна откако беше прогласена за најдобар задник во Бразил, Сузи оваа година нема да учествува на натпреварот.