Универзитетскиот асистент Бен Џон на Твитер сподели како неговата баба пребарува на Гугл. Многу симпатичен начин, што ја освои Интернет заедницата.
Меј Ешворт (85) сака да се однесува со Гугл љубезно и со почитување. Таа секогаш кога нешто пребарува на Гугл, пребарувањето го почнува со „ве молам“, а завршува со „благодарам“.
На објавената фотографија се гледа како бабата од Гугл бара да и конвертира римски бореви во арапски.
Објавата собра илјадници лајкови и споделувања. Текстот за британската баба го пренесоа голем број светски медиуми.