На социјалните мрежи се појави фотографија од “Загорска улица” во Хрватска.
Жена ги фрлала личните работи во 7 наутро среде улица. Летале столчиња, маси, шишиња, теписони, патики, книги и останато.
Поради расфрланите работи, на улицата сообраќајот бил блокиран, а не можеле да поминат ниту автобусите.
„Загорска е затворена. Девојка фрла работи од своето момче преку прозор“, пишуваат корисниците на друштвените мрежи.
Zagorska kod selske zatvorena! Cura baca stvari pd dečka sa zgrade.. #Hrvatska #Zagreb pic.twitter.com/zMO6f0wiI0
— Kreshimir (@shokre_hrvoje) December 21, 2018