Сплавот „Фристајлерот“ бил регистриран само за 220 луѓе, а на него за Нова година имало најмалку 400 луѓе, а се претпоставува дека таа бројка се движи и до 600 лица, неофицијално дознава српски Курир.
Инспекциите и обвинителството се уште ја водат истрагата, а официјални и конечни резултати нема. Сепак, како што дознава Курир, на популарниот сплав, на кој никој не бил повреден, имало најмалку двојно, а можеби и три пати повеќе луѓе – меѓу 400 и 600.
Божидар Јагодиќ, раководител на Одделението за инспекција на безбедноста на пловидбата при Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, за Курир вели дека во „Freestyler“ е дозволено да се сместат најмногу 220 лица.
– Сплавот е регистриран за најмногу 220 лица, а не знаеме колку имало на новогодишната ноќ и нема да правиме претпоставки бидејќи истрагата во соработка со УКП и обвинителството е во тек. Сè уште се утврдува колку луѓе имало, се уште собираме дополнителни информации, а во овој момент не можеме да тврдиме колку луѓе всушност имало на сплавот во моментот кога почнал да тоне – изјави Јагодиќ за Курир.