Возејќи сиво-сребрена “Тојота”, Џон ја носел својата 90-годишна мајка Џо Ен до ресторан покрај подземната железничка станица, за да купи сендвичи и сок.
-Можеше да биде било кој. Ништо на него не издава дека станува збор за лице кое се наоѓа во учебниците по историја, рекол еден од минувачите кој го забележал.
Хинкли е човекот кој се обидел да го убие претседателот Реган за да ја воодушеви актерката Џоди Фостер, кон која развил опсесија гледајќи ја во филмот “Таксист”, во кој глумела малолетна проститутка. Тој бил толку маѓепсан од неа, што се преселил во Њу Хејвен каде актерката одела на колеџ, а константно и праќал и писма. Кога не му возвратила, одлучил или да се убие, или да му наштети на претседателот. Ја избрал втората опција.
Следејќи го кога ја напуштал конференцијата во хотелот “Хилтон”, Хинкли шест пати пукал во Реган, но за среќа успеал само да го рани, како и уште три лица.
Куршумот, кој за малку ќе бил кобен, минал еден сантиметар покрај срцето на тогашниот американски претседател, па благодарение на брзата интервенција на лекарите, тој брзо заздравил.
Прес секретарот на Белата куќа, Џејмс Брејди по ранувањето останал парализиран. Кога починал во 2014 година, неговата смрт била прогласена за убиство.
На 5 август Хинкли бил пуштен на слобода, а единствен услов бил да не стапува во било каков контакт со членовите на семејствата Реган и Фостер.