Поради недостаток од атмосферска канализација, невремето и дождот во Скопје, денеска, повторно оставија хаос зад себе. Паднати дрвја, билборди, поплавени улици, подруми, приземја од станбени објекти.
Поплавени се и подвозниците. Речиси цел град е во вода ,,до гуша”-поплавени беа главните булевари, кои се под Град Скопје, особено сервисните улици во надлежност на општините.
Ни Боемска улица веќе не е тоа што беше. ? pic.twitter.com/NUXqFBVC0A
— Шупот (@supotimibejb) June 9, 2018
“Нормално” е Партизанска да е најмногу под вода – најтазе е правена атмосферската: pic.twitter.com/QTbAEWnLq9
— Aleksandar (@saltwatered) June 9, 2018
Под вода се сите населби: Карпош, Центар, Чаир, Кисела Вода, Аеродром…
Зошто ова се случува на секој пороен дожд ?
Бидејќи, само една третина од главниот град е покриен со атмосферска канализација. Главните булевари се речиси 100 отсто со атмосферска, но од она што може да се види на секој пороен дожд, тие немаат капацитет за примање на големи количества дождовница. Особено онаа која доаѓа од споредните улици, кои немаат ваков вид канализација и со години се во катастрофална состојба.
Малце невреме и хаос низ градов pic.twitter.com/yq5YLSLwV3
— гуштер. (@Igu_Ana32) June 9, 2018
Општинските градоначалници не се ажурни во решавање на овој проблем. Поточно, ретко кога се фаќаат во коштец со капитални проекти, важни за граѓаните.
Пливање слободен стил pic.twitter.com/ukPkgKMidj
— Mindрluмbеr (@mindplumber) June 9, 2018
Ахх бре @CityofSkopje 50 години не сте способни да спречите да се поплавува подвожњаков! Неспособни! pic.twitter.com/tKIaQ6fNXW
— Dimko (@ddimkooooo) June 9, 2018
Нов проект на #ЗлаткоМарин во #Аеродром: Отворени базени по улиците "Дојде лето, дојде живот" pic.twitter.com/sh8QR2ISyx
— Мјауу (@Otidenata) June 9, 2018