Омилената водителка на речиси цела Македонија, онаа по која мажите губат глава, а жените и завидуваат на младешкиот изглед, единствената Лила Филиповска кон крајот на 90-тите се обиде и во музичките води.
Таа во тој период изгледаше сосема поинаку, но и тогаш беше вистински мелем за очите. Храбра и самоуверена ги мамеше погледите на ТВ екраните, без разлика дали се појавува во улога на водителка или пејачка.
Денес ТВ проектите од кои таа е дел го имаат нејзиниот препознатлив печат и секогаш се на листата на едни од најгледаните.
Кон крајот на 90-тите години на минатиот век таа испеа неколку песни, сними спотови за некои од нив како што се „Земјотрес“, „Ти верував до крај“, „Сонувам“, „Come baby come“…
Дел од нејзините песни можете да чуете во прилог!