(ФОТО+ВИДЕО) Прими три куршуми за неа: Херојот кој ја спаси девојката сега се венчаше со неа

grwegheahrtjty

Сејфедин Резгуи, припадник на Исламската држава кој во јуни 2015 година во Тунис уби 38 лица, три пати пукаше и во Метју Џејмс, 32-годишен британец кој легнал врз својата вереничка за да и го спаси животот.

Иако тешко повреден, со обилно крварење, лекарите сепак успеаа да му го спасат животот.

Пред него беше долг и макотрпен пат до опоравување, но успеа, а приказната за младата двојка пред неколку дена доби и среќен епилог. Имено, Метју Џејмс и неговата вереничка Сара Вилсон (28) пред олтарот го кажаа судбоносното да и така ја крунисаа долгогодишната врска од која веќе имаат две деца.

jyhyfgj

“Ова е ново поглавје. Сите велат дека на денот на венчавката се венчаваш со најдобриот пријател. Но јас се омажив и за својот херој“, рече Сара по венчавката.

Иако нивната приказна е среќна, со последиците од нападот се борат секој ден.

Освен што Метју секојдневно трпи силни болки поради куршумите кои му го повредија градите, рамото, стомакот и ногата, и двајцата сопружници страдаат од ПТСП.

По нападот во Тунис за се секогаш говорам дека сум најсреќниот човек на светот. Животот е голема борба и трпам големи болки, рече Метју.

Сето тоа барем за кратко исчезна во моментот кога неговата вереничка тргна кон олтарот.

“Кога ја видов, очите ми се наполнија со солзи, но не можев да го тргнам погледот од неа“, заклучи тој.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.