(ФОТО+ВИДЕО) НАЈМИСТЕРИОЗНИОТ ЧОВЕК ВО РУСКАТА ИСТОРИЈА: Се појавија приватни фотографии од Распучин, духовниот водич на Романови

Една од најконтроверзинте личности во историјата на Русија бил секако Григориј Распучин, а светот и денес нема единствен одговор на прашањето: “Дали бил светец или измамник?”.

Рамките на проектот “Романови 100” прикажани се некои негови, до сега невидени форографии.

Григориј Распучин бил првиот мистичен и духовен учител кон кој се придружиле и кралот Никола II и неговата сопруга Александра Фјодоровна. Бидејќи им се родиле четири ќерки, кралскиот пар очајнички посакувал наследник и се консултирале со Французинот Филип, кој го запознале преку принцезата Милица од Црна Гора.

Кога се родил Алексеј, кралот и сопругата верувале дека тоа е заслуга на Филип.

Алексеј е роден со хемофилија, болест која оневозможува згрутчување на крвта, а неговата болест била голема мака за целата фамилија, особено кога момчето било во агонија од внатрешно крварење, па за опоравување биле потребни месеци, а во најлоши случаи дури и цела година.

Распучин влегол во фамилијата, бидејќи родителите на Алексеј верувале дека може да му помогне на момчето.

ВО 1912 година Алексеј едвај се спасил. Она што започнало како обична модринка се претворило во сериозно внатрешно крварење, па семејството се подготвило за најлошиот исход. Александра Фјодоровна му се обратила на Распучин, кој одговарил со телеграм, а кога направил тоа, Алексеј започнал повторно да се опоравува.

Треба да се напомене дека Романови ја чувале болеста на Алексеј во тајност. Бидејќи јавноста не знаела за болеста на престолонаследникот, не им било јасно зошто семејството било во толку блиски односи со Распучин.

Неговата растечка моќ и мешање во политиката биле повод за негово убиство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.