(Фото+Видео) Луѓето дома, лавовите на улица: Диви животни ги “окупирaa” градовите

По улиците нема луѓе, ниту автомобили, а тоа ги охрабри животните да тргнат во истражување на градовите.

Очекуван резултат од намалената човечка активност, секако е чистење на воздухот, но никој не очекуваше да ги види дивите ѕверки како парадираат по улиците.

На следните фотографии можете да видите чопор лавови како одмараат на патот во националниот парк Кругер во Јар. Овој национален парк е затворен за посетители откако беше воведена вонpeдна состојба.

Во приморскиот град Ландудно во Велс диви кози се шетаат по напуштените улици:

Максимално се намали бројот на посетители во јапоснкиот парк Нара, а елените беа негова главна атракција.

Нилгај е голема азиска антилопа која најчесто може да се види на северот од Индија, но никогаш во урнбани предели.

По тајландските улици се шетаат гладни мајмуни, кои до сега добиваа храна од туристите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.