Дождовната бомба како природен феномен е нешто што многу ретко се случува, но се случува и имало такви примери во светот.
Можеби не сте слушнале што значи тоа, но дождовната бомба се создава кога жежок и сув воздух ќе се крене во височините и ќе се измеша со исполнети со дожд облаци.
Повеќето капки вода тогаш во облаците испаруваат, предизвикувајќи брзо ладење на воздухот околу нив … потоа тоа почнува да тоне.
Паѓањето на воздухот ги повлекува останатите капки дожд со него, создавајќи вистински хорор од дожд.
Истиот феномен се случи во саботата вечерта во скопска Црна Гора и го предизвика најкатастрофалното невреме што во поново време се памети во главниот град и во Македонија.
Фотографиите и видеото кои ви ги приложуваме се од иста таква дождовна бомба што се случила во Аризона во САД.
А.Г.