Фондот за здравство во Прилеп има нов раководител? Еве за кого се работи…

Kaко што неофицијално дознаваме Фондот за здравствено осигурување во Прилеп има нов раководител.

Според нашите информации на оваа позиција е именуван Кристијан Пиличев кој е еден од првите луѓе на општинската организација на СДСМ во Прилеп.

Пиличев досега ја извршуваше функцијата директор во Домот за стари и изнемоштени лица “Kиро Крстески – Платник”, каде беше именуван со одлука на градоначалникот на 15.12.2017 година.

Кристијан Пиличев по професија е дипломиран економист.

Засега не е познато кој ќе го замени на неговата претходна директорска функција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.