ФК „Победа“ по долго време си го врати името и успехот (ФОТО+ВИДЕО)

^05AB46270409612DEDAD49AC8F327CE91E4A1CD0900A1463B4^pimgpsh_fullsize_distr

По пауза од 8 години ФК „Победа“ конечно влезе во првата фудбалска лига. После долго време најголемиот спортски бренд од Прилеп си го врати името и успехот. Секако најголема заслуга за тоа има огромната поддршка која клубот ја добива од локалната самоуправа, која годишно го спонзорира со 100.000 евра. Освен локалната самоуправа спонзори на клубот се и  „Прилепска пиварница“, „Комфи Ангел“, „Витаминка“, Мермерниот комбинат“ и „Жито Прилеп“.

^1CBB27AFABEF56D845F87EAFED650680CFBFFE2047B77F1CA6^pimgpsh_fullsize_distr

Дека ФК „Победа“ се враќа на голема врата доказ е и победата од 2:1 над шампионот Вардар која прилепскиот клуб ја оствари пред неколку денови во Охрид. Победата беше прославена во центарот на Прилеп заедно со членовите на навивачката група „Мајмуни”, играчите и стручниот штаб на клубот.

^24E07328723271C3D2428609D93D68214D96E26D5FCD754E69^pimgpsh_fullsize_distr

Бидејќи во тек е реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, инвестиција која се планира да чини над 1,5 милиони евра, Победа е оневозможена домашните натпревари да ги игра пред својата публика. Токму поради тоа претседателот на ФК „Победа“, стручниот штаб и навивачката група „Мајмуни“ прават огромни напори за оваа намена што поскоро да го оспособат стадионот кој се наоѓа кај Паркот на Револуцијата – Могилата.

^66A91078F2B7FB1D249A55BBD6257AC6A1542951E4A942F043^pimgpsh_fullsize_distr

Од ФК Победа велат дека нивната цел за оваа година била пред се стабилизирање на клубот во првата лига и негов опстанок таму, за да може пооптимистички да се размислува за нешто повеќе во наредните сезони.

^224D82ECECE05991439EB91635E49E0F12DEFB76A5F0AD5649^pimgpsh_fullsize_distr

Инаку во тек е реконструкција на теренот на стадионот, каде се поставува нов дренажен систем и автоматско наводнување според стандардите на УЕФА. Овој дел од реконструкцијата се изведува согласно договорот од програмата „ХЕТ-ТРИК 4“ која е донација од УЕФА, а се реализира преку ФФМ.

^01083E68908F324A9FE100556845DBCE6A464D9E6EFD834747^pimgpsh_fullsize_distr

Исто така во тек е тендерската постапка за „Реконструкција со доградба на градскиот стадион Гоце Делчев“ во Прилеп. За оваа намена Општина Прилеп издвои 30 милиони денари од буџетот на локалната самоуправа за 2017 година. Со овој тендер предвидено е покривање и реконструкција на северната трибина на стадионот.

^2087CDD4CEABF6E21B3E35A5CD8F9AACCFA0389E49C249689F^pimgpsh_fullsize_distr

^BB9FDC0B086048597E2A178C132C4CC0B01D713CBE2D5FD9C5^pimgpsh_fullsize_distr

^CED206685990A605DD79CDABE67F341047D8CA61C70136EC81^pimgpsh_fullsize_distr

^DD1510EECEEE9319A7FEF50909242C7EEBA274D90901FC5011^pimgpsh_fullsize_distr




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.