Капитенот на Швајцарија Гранит Џака и по мечот со Србија продолжи со срамните провокации – по мечот дресот го замени со број 26 и презиме Јашари.
Англиски „Експрес“ и „Јаху“ објавија дека ФИФА би можела да покрене постапка против Гранит Џака, кој во меѓувреме го оправда овој срамен потег.
“Ова нема никаква политичка позадина. Ардон е дел од нашиот тим и поминуваме многу време заедно. Му реков дека ќе го облечам неговиот дрес”, изјави Џака.
Сепак, челниците на ФИФА тешко дека ќе можат да ја проголтаат оваа приказна, па капитенот на Швајцарија ќе чека следните неколку дена до конечниот исход.